Грешка на деценијата: Интер го избркал Кутроне како неталентиран, денес растура во Милан!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Патрик Кутроне е најпријатното изнендување оваа сезона не само за Милан туку и во цела Серија А.

19-годишниот напаѓач оваа сезона постигна 14 гола за „росонерите“ во сите натпреварувања и ги истисна скапо платените Никола Калиниќ и Андре Силва од првиот тим.

Милан веруваше во својот младинец, го лансираше во првиот тим, а Кутроне со своите партии покажа дека е еден од најталентираните италијански фудбалер во моментов.

Меѓутоа „росонерите“ треба да му заблагодарат на Интер што овој „бисер“ моментално го носи црвено-црниот дрес.

Имено, претседателот на Пардиенсе (првиот клуб на Кутроне), Џанлука Раџи открива дека напаѓачот најпрво бил продаден во Интер, но од таму го избркале како неталентиран.

„Кутроне секогаш беше пред момчињата од својата генерација. Имаше многу заинтересирани клубови, но најконкретен беше Интер. Постигнавме договор и Патрик појде на проба во Интер, но после неколку тренинзи ’нероаѕурите’ одлучија да не потпишат договор бидејќи сметаа дека не е доволно талентиран“, открива Раџи.

„Потоа се појави Милан кој веднаш потпиша договор со Кутроне уште после првиот тренинг. Среќен сум поради неговите голови и сметам дека тој моментално е најголем италијански талент и иднина како на Милан така и на репрезентацијата“, додаде Раџи.