Грешка каква што досега немало: Манекеката еден круг порано означи крај на трката во Канада (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Себастијан Фетел на траката за Големата награда на Канада стигна до 50-та победа во кариерата и така го превзема првото место во вкупниот поредок.

Германецот славеше со нешто повеќе од седум секунди пред Валтери Ботас и осум пред Макс Верстапен. Но, освен по победата на Фетел, трката во Монтреал ќе остане запаметена по неверојатна грешка на организаторите поради која трката место 70, траеше 69 кругови.

Честа во последниот круг со црно-бело да означи крај на трката и припадна на канадската менекна Вини Харлов, позната по проблемите со пигментацијата, поради што има необичен израсток на лицето. Харлов не беше виновна, туку организаторите кои ја испратија да го развее знамето еден круг порано.