Гредежните зафати кај „Мајчин дом“ времено стопирани


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Градоначалникот на скопската општина Аеродром, Златко Марин, изјави дека привремено, на период од 15 дена, ја стопира започнатата спорна градба кај Мајчин дом, откако во јавноста се проширија реакции, а вчера граѓани протестираа и револтото го искажаа блокирајќи го булеварот „Јане Сандански“.

„Граѓаните се во право. Целосно ја поддржувам нивната борба за јавниот простор и сум целосно на нивна страна. Од нив сум избран да ги решавам проблемите со кои заеднички се соочуваме и токму тоа го правам. Денес имав средба со инвеститорот кој мора да биде вклучен во барањето на решението. Го информирав него, а сега ја информирам и јавноста дека издавам решение за стопирање на градбата. Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија“, рече Марин.

Според Марин, забраната е врз основа на „неправилности во градилиштето“, кои денес инспекторот ги констатирал на терен, па затоа изградбата е стопирана на 15 дена. Градоначалникот рече дека преземал иницијатива за разговори со Град Скопје, инвеститорот „ЗСФ-Ком“ и граѓаните за да „се најде решение за трајно да се заштити плацот кај Мајчин дом“.

„Во петок, закажувам вонредна седница на Советот на општина Аеродром. Ги повикувам претставниците на граѓанските здруженија и сите засегнати граѓани да бидат дел од процесот за барање на решението“, повика тој на прес-конференцијата.

На седницата на 12 октомври би се дискутирало за целиот ДУП И10, хронологијата на настаните, неговото носење и сл.

Инаку, до одржување на прес-конференцијата, механизацијата работеше на терен кај довчерашниот зелен појас, каде е предвидено да никне деветкатница.

Таму вчера граѓани протестираа, а имаше и обид за уривање на тарабите, како би го обраниле преостанатото зеленило во Аеродром.