Грди сцени: Албански и бугарски навивачи се степаа во Тирана (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вчера во Тирана се одигра натпреварот помеѓу Партизани Тирана и Ботев Пловдив од првото квалификациско коло за Лига Европа кој заврши со победа на гостите од 1:3.

Навивачите на Ботев Пловдив на патувањето кон Тирана најпрво направија проблеми во Македонија, блокирајќи пат, поради што неколку навивачи беа уапсени.

По пристигнувањето во Албанија, тие продолжија со нередите. Околу 70 навивачи на Ботев се пресметале со двојно повеќе домашни навивачи.

Навивачките групи во пресметката користеле претежно камења и тврди предмети.