Грчкото разузнавање вработува лица со познавање на „македонски (јужнословенски) јазик“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рамки на конкурост за вработувања во Националната разузнавачка агеницја кој го објави грчката влада, меѓу другите лица отворен е и оглас за вработување на лице со познавање на „македонски (јужнословенски) јазик.

Во Службен весник на 14 февруари 2019 година Министерството за заштита на граѓаните објави оглас за пополнување на 302 работни места во Националната агенција за разузнавање на Грција, а во одделот за преведување, толкување и сослушување, вработува 56 лица со познавање на: англиски, француски, германски, шпански, италијански, арапски, бугарски, еврејски, руски, турски и, како што пишува во огласот, „македонски (јужнословенски) јазик“.

Ова е првпат по ратификацијата на Преспанскиот договор да се споменува „македонски (јужнословенски)“ јазик, вели Катимерини.