Грчко должничко дежа ву: Атина прифати нов пакет мерки од меѓнародните кредитори


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Грција прифати нов пакет мерки кои ќе мора да ги имплементира од јануари 2019 година. Вчерашниот состанок на еврогрупата заврши без конкретен договор меѓу двете страни, но и без катастрофални последици за Грција.

Европските министри за финансии и дадоа дополнително време на Грција за завршување на втората фаза од проценката на завршените реформи, што ќе овозможи да се избегнат нови проблеми за грчката влада и да се постигне договор меѓу Атина и меѓународните кредитори.

Проценката на еврогрупата е дека се уште се далеку од договор со Грција, но претставниците на тројката ќе се вратат во Атина за да продолжат со разговорите со грчката страна. И двете страни се надеваат дека ова ќе помогне да се надминат разликите во ставовите и во барањата за наскоро да се постигне договор.

Во Грција, позитивниот аспект од вчерашниот состанок се согледува во фактот дека земјата добива дополнително време да постигне договор, како и дека кредиторите конечно настапиле со став дека треба да се стави крај на периодот на строги мерки за штедење и на рецесија и да се спроведат мерки и активности за поттикнување економски развој во државата и за поефикасно справување со високата невработеност.

Негативноста, пак, е тоа што државата ќе мора да усвои и да спроведе нови мерки за две години од сега, услов кој бил поставен од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за и тој да ја продолжи финансиската помош за Грција.