Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница.

Македонскиот премиер, Зоран Заев, претходно изјави дека Република Илинденска Македонија фигурира како можен компромис. Сепак, грчките политички лидери, информирани од премиерот Алексис Ципрас, го отфрлиле ваквиот предлог.

Исто така, како што оценува новинската агенција АП, грчката влада, во соопштение во врска со изјавата на Заев, одбегнала да го наведе точниот назив на предлогот.

Во соопштението се вели дека владата во Атина го поздравува тоа што северниот сосед прифатил дека решението за името не може да постои без усвојување на име за севкупна употреба.

Ова значи дека Македонците не можат едноставно да ја нарекуваат својата земја „Македонија“ во домашна употреба, туку би го користеле името усвоено за меѓународна употреба, информира АП.

„Ние ги охрабруваме нашите соседи и натаму да работат на пронаоѓање на општо прифатливо име со географска или временска одредница, како што предвидува и пакетот предлози изнесени од специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц“, стои во соопштението на грчката влада.