Грчките националисти распалија и по домот на американскиот амбасадор во Грција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дел од демонстрантите кои вчера жестоко протестираа во Атина против Преспанскиот договор, на поминување покрај домот на американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат, испишале на неговата резиденција: „Македонија земја на Грците“, пренесува Фокус.

30 лица биле повикани на информативен разговор во врска со овој случај.

Домот на Пајат во Атина се наоѓа во близина на самата амбасада на САД и не е прв пат да биде мета на демонстрантите кои протестираат против Договорот од Преспа. Претходно беа испишувани графити против империјализмот на САД.