Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според известувањето на грчкиот медиум reader.gr, министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април ќе се сретнат во Охрид.
Коѕијас ќе допатува во Охрид од Белград, а претходно ќе ја посети и Приштина, пренесуваат медиумите.
Ова ќе биде втора посета на Коѕијас на Македонија во последните дваесеттина дена, а трета средба на двајцата министри во истиот период. Шефот на грчката дипломатија беше во Скопје на 23 март, па седум дена подоцна, на 30 март, Коѕијас и неговиот македонски колега Димитров се сретнаа во Виена.
По таа повеќечасовна средба во австрискиот главен град посредникот Метју Нимиц рече дека има напредок во разговорите за името, но дека се уште постојат потешкотии кои треба да се надминат во натамошните разговори.