Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Грчки медиуми денеска објавуваат дека македонскиот премиер ги информирал Брисел и Атина дека има обезбедено 78 пратеници кои што би гласале за промените на уставот согласно преспанскиот договор, пишува порталот Expres.mk.
Според Заев покрај 72 членови на коалицијата „ Излези за европска Македонија“ тој веќе договорил уште 4 гласови од опозициските редови а со двајца се уште се преговара но начелно биле согласни да гласаат за промени на преамбулата и најмалку 51 членови од уставот на РМ.
-Според извештаите кои не се исклучено да се дел од пропагандна војна со оглед што медиумите што ги објавуваат се блиски на грчкото воено разузнавање, на Заев му недостасуваат само двајца пратнеици на ВМРО – ДПМНЕ за да може да го спроведе планот. Во информацијата за состојбата во Македонија се зборува и за свесноста на Заев за „Игрите на моќните„ (Сили з.а) во контекст на тоа што премиерот им го пренел на високи западни претставници во Брисел, пишува порталот.