Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште пред 40 години официјалните грчки власти немале проблем со името Македонија и во дописите со овдешните институции и нивните претставници тука ја именувале нашата земја како „Социјалистичка Република Македонија“.
Грција немала никаков проблем да ја именува нашата држава под уставно име во времето на поранешна СФРЈ. Тоа го докажува и овој документ – писмо за именување на генерален конзул на Грција во Скопје од 1979 година од властите во Атина, во која нашата држава се именува како Социјалистичка Република Македонија.
Писмо од 1979 г. потпишано од тогашниот грчки претседател Константинос Цацос и тогашниот Министер за надворешни работи на Грција, Ѓорѓиос Ралис (а подоцна и Премиер на Грција од 1980-1981) упатено до Николаидис, грчки Генерален Конзул во Скопје, а со јурисдикција за Македонија и Косово.
Во писмото Македонија јасно се нарекува така како што во тогашниот политички систем беше заведена: Социјалистичка Република МАКЕДОНИЈА.
„Со назначување и прифаќање на номинацијата на г. Antoine Nicolaidis во својство на генерален конзул на Грција во Скопје, со надлежност на територијата на Социјалистичка Република Македонија и на Социјалистичка Автономна Покраина Косово, за нашите граѓани кои живеат таму, или кои доаѓаат да тргуваат, или да извршуваат други активности, добиваат помош и правна заштита… Ја молиме Владата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија да му овозможи целосно и слободно извршување на своите конзуларни функции и да му ги даде сите права и привилегии што ги уживаат сите конзули од другите земји“, се вели во документот од 14 септември 1979 година.
Како што може да се види, писмото е потпишано од Константинос Цацос, поранешен шеф на грчката држава, кој беше на власт од 1979 до 1980, а важеше за еден од најблиските соработници на Константин Караманлис (постариот).
Но, ова не е единствен и изолиран случајн, и од други документи од архивата може да се забележи дека на грчките власти не им пречело уставното име на Македонија во периодот пред независноста.
На вториот исечок е печатот на тогашниот грчки конзулат во Скопје покрај уште едно запишување на Македонија како Социјалистичка Република МАКЕДОНИЈА.
По осамостојувањето, грчката држава го менува својот став кон Македонија. На 13 април 1992 година, поголемите политички партии во Грција се согласуваат дека зборот Македонија не може да биде вклучен во ниту една форма во името на Република Македонија. Грчката дијаспора, исто така, се мобилизира вршејќи силен притисок во Соединетите Американски Држави и во Канада.
И денеска, грчките иселеници се најтврдокорни во тврдењата дека Грција во преговорите за името не смее да попушти за тоа зборот „Македонија“ да биде дел од името на соседната држава.
Извор: Јавно.мк