Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сопственичка на еден скромен локал во Франција ќе може барем некое време да ужива во светската слава, бидејќи нејзинот ресторан по грешка доби Мишелин ѕвезда.
Вероник Жакет, сопственик на ресторанот Bouche a Oreille во Буржу, откри дека го заработила најголемо кулинарско признание за својот ресторан, каде за работниците се служи комплет оброк за 12,5 евра.
Грешката се случила бидејќи во близина на Париз се наоѓа ресторан со исто име, кој требал да влезе во Мишелиновиот водич, а покрај тоа имаат и слични имиња на улици – тој на Вероник во „Ру де ла Шапел“. а вистинскиот добитник во „Анпас де ла Шапел“.
Телефонот во ресторанот на Вероник од денот на објавата не престанал да ѕвони, а сите сакале да добијат место на некоја од масите.
„Доаѓаа новинари, а син ми се јави од Париз кога слушна за ѕвездата. За малку ќе умреше од смеење. Дури и редовните муштерии не прашуваа зошто не сме им кажале дека имаме Мишелин ѕвезда“, рече Вероника за Френч ТВ.
Еден од анкетираните муштерии на нејзиниот ресторан изјави дека „Bouche a Oreille“ е вреден не за една, туку за две ѕвезди.
Вероника и нејзиниот персонал во меѓувреме се повикани на ручек во ресторанот, кој навистина ќе го добие признанието.
Инаку Бурж е познат по својата Катедрала Сент Етјен од 12. век, која сега е под заштита на УНЕСКО. Исто така таму се наоѓа и најстариот астрономски часовник во Франција.