Гранџ иконата Курт Кобејн бил инспирација за новиот Бетмен


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пред два месеци обожавателите на ликот на стрип-јунакот Бетмен имаа можност за прв пат да видат како ќе изгледа новиот Бетмен, во режија на Мет Ривс.

Во интервју за Empire, режисерот открил неколку детали за тоа како настанала неговата верзија на познатиот суперхерој.

„Кога пишувам, често слушам музика и додека го пишував првиот чин ја слушав Something in the Way на Нирвана. Тоа е лик кој поминал низ голема трагедија и стана осаменик. Почнав да се поврзувам со филмот Last Days на Гас Ван Сант и играјќи си со идејата за измислени верзии на Курт Кобејн кој живее во вила која полека се распаѓа“, рече Ривс.

Откако Кобејн му станал мисла водилка, тоа само ја зацврстило одлуката да го ангажира Роберт Патинсон: „Тој го има ова нешто што ме потсетува на Курт Кобејн затоа што изгледа како рок ѕвезда, но имаш и чувство дека може да биде осаменик“. Тој додаде дека новиот Брус Вејн нема да биде некој што се движи во кругот на познатите и користи скапи играчки, туку лик кој ги прави сите свои уреди со Алфред.

Модели за филмот биле Chinatown, The French Connection и Taxi Driver, а покрај сето тоа, снимател е Грег Фрејзер, кој неодамна работел на филмот на Денис Вилнев, Дина.

Иако Бетмен е млад во филмот, Ривс тврди дека ова нема да биде филм за суперхерои: „Она со што бев поврзан е дека Бетмен не е класичен суперхерој. Ако има супермоќ, тоа е неговата способност да издржи. Тој е многу жив лик и идејата не беше да се направи филм за тоа како станал Бетмен, туку за неговите помлади денови. Да се ​​види сето тоа на нов начин, што не сме го виделе досега“.