Граѓаните револтирани: Министре, до кога ќе го узурпирате тротоарот?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најавуваа дека со велосипеди ќе одат на работа, а узурпираат пешачки простор со службени возила.

Граѓаните се револтирани и посочуваат со прст, во потрага по одговори зошто владините функционери, наместо да се во нивна служба, се однесуваат како да е обратно – народот да треба да е во служба на функционерите.

Во идно време министерот би требало да не се паркира на тротоарот и да го узурпира просторот за пешачење на граѓаните. Од надлежните се очекува да постапат исто како и за сите граѓани кои се паркираат на тротоар сред центар.