Граѓаните кои се враќаат од странство од граница директно ќе бидат носени во карантин во хотели


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Сите оние граѓани кои ќе пристигнуваат во Македонија од странство, секој ден по два пати дневно, во 10 и во 20 часот, ќе бидат транспортирани до државните карантини.

Од аеродромите, граѓаните ќе се земаат од моментот на слетување и исто така ќе се носат во овој вид на државе карантин, предвидува новата мерка на Владата.

Владата ги повикаа граѓаните, нивните пристигнувања на граничните премини да ги планираат порано пред утврдените термини, за да се избегнат подолги задржувања и гужви. Превозот на лицата го обезбедува, Владата, односно Генералниот секретаријат,

Инаку, новата владина мерка предвидува строга изолација, односно карантин, па луѓето кои ќе пристигнат на граничните премини веднаш ќе бидат транспортирани до угостителски објекти, хотели и мотели, каде ќе треба да останат 15 дена. Таму ќе има посебно утврден режим за обезбедување на посебни простории за лицата кои покажуваат симптоми на вирусот, критериумите за исхрана, доставата на пратки за потребите на лицата на кои им е определена мерката строга изолација (карантин), мерките за дезинфекција, работата на персоналот или волонтерите, собирањето смет и други потребни технички работи.