Граѓаните и во ИЈЗ може на приватно да се тестираат за коронавирус


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Граѓаните на кои им треба резултат од тест поради патување надвор од земјава, или пак сакаат да се тестираат за Ковид-19 на приватно, можат да го закажат тестирањето на телефонскиот број 075 276 132, информираат од Институт за јавно здравје, пренесува Фокус.

Терминот се закажува секој ден од 8.30 до 14 часот, а цената на тестовите е 1.850 денари.

Оваа услуга, односно телефонско закажување за приватни тестирања и тестирања за сертификат за патување во странство за SARS-CoV-2 со PCR метода во Институтот за јавно здравје е достапна од вчера.

Целта е да не создаваат гужви, посебно сега во период кога бројот на новоинфицирани секојдневно расте, а резултати ќе се подигаат секој ден од 18 до 20 часот.