„Граѓаните“ го шокираа Баерн со цената за Лерој Сане


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен веќе подолго време е силно заинтересиран за Лерој Сане, и веќе ги започна преговорите со Манчестер Сити, но остана шокиран кога ја слушна цената.

Имено, „граѓаните“ за слободата за својата ѕвезда бараат 150 милиони евра, сума која Баварците не се спремни да ја платат, пренесуваат германските медиуми.

Манчестер Сити ја постави оваа цена поради трансферот на Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико за 126 милиони евра. „Граѓаните“ сметаат дека 23-годишниот Германец има предност пред Португалецот заради неговото искуство во топ тим, а исто така толку голема сума е соодветна според сегашните услови на пазарот.

Баерн Минхен инсистира да го донесе Сане на „Алијанц Арена“, но е спремен да плати најмногу 100 милиони евра, па поради тоа не е на повидок договор помеѓу двата клуба

Крилниот играч премина во англискиот тим летото 2016 година од Шалке за 50,5 милиони евра. Минатата сезона тој играше на 47 натпревари, постигнувајќи 16 голови и 18 асистенции за тимот.