Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Граѓаните кои се најдоа затечени во еден од скопските супермаркети кој го посетијапремиерот Димитар Ковачевски и министерот Крешник Бектеши го искористија нивното присуство за да го искажат незадоволството од мерката за замрзнување на цените.
– Цениве се до плафон. Со два денари макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не можеме да купиме ниту лекарства со тие пари – му се обрати една повозрасна жена на премиерот.
Затекнат од ситуацијата во која жената се појави пред него со празна корпа, Ковачевски ја оправда скапотијата со војната во Украина и го искористи моментот да се пофали што неговата Влада направила.
– Точно е дека се зголемени цените затоа што се води војна во Украина. Она што направивме е замрзнување на цените со што се намалија цените за десет отсто. Ја замрзнавме цената на јајцата и на оризот. Сега се поевтини и за десет проценти од тоа што беше. Таму каде што не можевме да стигнеме до џентлменски договор, донесовме одлуки на Влада – и врати Ковачевски на купувачката.