Вебкафе

„Градот на гревот“ ќе турка светски рекорд за најмасовна оргија

Ако некој град посветено и непрекинато работи на одржување и зголемување на репутацијата на „град на гревот“, тогаш Лас Вегас дефинитивно е тоа место на планетата Земја. А тоа го докажа и со намерата да постави нов светски рекорд во најбројна секс оргија на светот.

Моменталниот светски рекорд за најбројна оргија го држи Јапонија, а поставен е пред една деценија. На таа секс оргија учествуваа 500 луѓе. Лас Вегас сега атакува на овој рекорд и за таа цел на 2 јуни закажа колективна „распаљотка“.

„Ќе има над 1000 луѓе на овој монументален настан“, велат од компанијата Menage Life, кои се организатори на оргијата. „На крајот, ова е Градот на гревот. Сите се поканети да завршат ваму…и да ни помогнат да испишеме историја“, порачуваат организаторите.

Настанот е дел од поголем петдневен секс фестивал кој вклучува и „бондаж“ работилници, презентации на секс играчки и базенска забава со зајачици посветена на Хју Хефнер.

Влезниците за оргијата чинат 200 долари за пар и 25 долари за сингл жени. На сингл мажите не им е дозволен влез, но од организацијата велат дека ќе направат исклучок за „почитувани сингл џентлмени“ кои ќе влезат со групна влезница.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top