Градоначалникот на Тирана се пофали со фотки од дружбата со Тамара, Димитров и Билбилов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Градоначалникот на албанскиот главен град Тирана, Ерион Валиај, се пофали со фотографии од гостувањето кај него ан нашата пејачка Тамара Тодевска придружувана од композиторот Дарко Димитров, Роберт Билбилов и албанската музика ѕвезда Ардит Ѓебреа.

Веста на својот профил на Фејсбук ја објави Велиај, искажувајќи при тоа големо задоволство што е „домаќин на пријателите од Македонија”.

„Горди на нашите соседи. Со големо задоволство ги примив Тамара Тодевска и Дарко Димитров, пријатели од Македонија! Нашите најблиски соседи се неверојатни уметници и ги зближуваат нашите заедници“, напиша Валиај, објавувајќи и фотографии од средбата.

На Тамара, за која искажува посебна почит како уметник, Валиај и’ врачи и плакета со грбот на Тирана.

Тамара ќе учествува на најпознатиот фестивал во Албанија „Магична песна”, на кој ќе се натпреварува со песната „Монструм” од Дарко Димитров.