Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Група жители на Арачиново денеска го нападнале градоначалникот на оваа општина Ридван Ибраими. Нападот се случил поради наводно неисполнети ветувања и обврски.
Напаѓачите претпладнево го извршиле нападот во Арачиново. Нема информации за посериозни повреди на Ибраими.
Од МВР го потврдија настанот без повеќе детали:
На 13.09.2022 околу 10 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ибраими лани победи на локалните избори како кандидат на ДУИ откако ја порази претходната градоначалничка предложена од СДСМ.