Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Градоначалникот на мексиканското гратче Сан Педро Хуамелула, Виктор Агилар, избра крокодил да му биде сопруга во рамки на домородната традиција која има за цел да донесе среќа на локалните рибари.
Женката крокодил беше крстена во четвртокот, а на „Денот Д“ беше облечена во бело додека нејзината вилица беше заврзана.
Од градоначалникот на Сан Педро Хуамелула се очекува секоја година да се венча со нов крокодил, како дел од легендата која вели дека ваквата церемонија донесува среќа во ловењето риба од кое живеат поголем број од локалните жители.
„Со овој ритуал се молиме за добар улов, а морето и лагуните да ни ја дадат храната која ни е потребна, како и за сè да биде во ред во нашето место“, изјави градоначалникот.