Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На доделувањето на MTV Video Music Awards кои се одржаа во неделата во Лос Анџелес, најважните награди ги освоија британскиот кантавтор Ед Ширан во категоријата „Музичар на годината“ и американскиот рапер Кендрик Ламар, чиј хит „Humble“ беше награден со наградите „Видео на годината“ и „Најдобра хип-хоп изведба“ (комплет листа на победниците ТУКА).
Но, шоуто на црвениот тепих го украдоа славните убавици со своите провокативни и жешки длабоки деколтеа. Хајди Клум вниманието го привлече облечена во елегантен и длабоко деколтиран фустан, исто како и Мел Б, која сепак, се одлучи за нешто „поплитко“ деколте.
Ники Минаж се стегна во розов комбинезон со нагласена половина и гради, а иста намера имаше и Амбер Роуз, која се појави во невозможно тесен црн фустан.
Пејачката Деми Ловато ги откри своите гради во црн фустан кој ги прекриваше само оние делови за минимум пристојност.