Градба од коски на 60 мамути стара 25.000 години откриена во Русија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ловците кои живееле на денешната руска територија пред 25.000 години, искористиле коски на 60 мамути за да изградат голема кружна градба која никој денес не знае за што служела.

Иако истражувачите ја ископале и истражиле, сè уште не разбрале за што можела да служи градбата, пренесува Си-Ен-Ен.

Ова не е прва „мамутска куќа“ пронајдена во Русија, но е најстара и најголема. Нејзиниот дијаметар е повеќе од 12,5 метри.

Во 1960-тите и 70-тите години, научниците пронашле слични, помали структури во истата област, кои ги нарекле Костенки 11. Локалитетот се наоѓа на 500 километри јужно од Москва и сега е дом на државниот археолошки музеј-резерват Костенки.

Експертите почнаа со работа на локацијата во 2015 година, а ископот траел три години. Една студија во која се детализирани нивните наоди е објавена оваа недела во списанието „Антика“.

Ваквите мамутски коскени структури кои датираат од леденото време се пронајдени низ Источна Европа. Врз основа на претходните сознанија, експертите досега сметаат дека тие биле изградени од палеолитскиот народ за да им служат како дом или како засолниште за време на суровите зими. Температурата во текот на зимата во Леденото време достигнувала и -20 степени Целзиусови.

Биле потребни сто мамути за да се изградат такви масивни структури од коски; што е изненадувачки затоа што ловците-собирачи никогаш не поминувале многу време на една локација.

„Коските на мамут се многу тешки, а градењето кружна структура е огромен потфати трошење на време и енергија“, изјави Александар Приор, водечки автор на студијата и археолог од Универзитетот Ексетер.

Според студијата, коските биле наредени во континуиран круг и зградата немала очигледен влез. Досега, истражувачите идентификувале 51 мамути и 64 черепи во структурата на објектот.

Во кругот, истражувачите ги пронашле и првите докази дека таму има и запалено дрво. Но, во целина, немало други индиции за долготрајно живеење во зградата. Научниците затоа сега веруваат дека тоа не било засолниште во текот на зимата; затоа во моментот ја преиспитуваат целта на овие масивни, долготрајни структури.

„Очигледно за нив значеле нешто и многу е веројатно дека тоа бил ритуален елемент, дури и ако структурата всушност имала одредена практична цел“, изјави Приор.