Град во провинцијата Хатај речиси целосно е срамнет со земја од кобниот земјотрес


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Официјалниот број на загинати, според последните информации за црниот биланс од земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија, сега изнесува повеќе од 1.500, а илјадници се повредени.

Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати повеќето луѓе на спиење.

Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината изгледаат како воена зона, а град во оваа покраина е речиси целосно срамнет со земја.