Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Градот Скопје денес (19.09.2019 година) од 18 часот ќе ја затвори за сообраќај улицата Димитрија Чуповски на „Рекорд“, а од 19 часот на нејзиниот коловоз ќе организира Велофиеста – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Оваа велофиеста е дел од активностите на четвртиот ден од Европската недела на мобилност 2019, неделата посветена на алтернативните форми на транспорт.
Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.
Во текот на денешниот ден ќе се организираат следните активности:
СУПЕРХЕРОИ ВЕ ЗАБАВУВААТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
Автобусите на ЈСП Скопје
07:30 – 08:30 часот
Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.
ЕКОЛОШКИ ЧАС
ОУ „Браќа Миладиновци“, Општина Аеродром и ОУ „Кузман Јосифовски Питу“, Општина Кисела Вода
08:30 -11:30 часот
Инфо-ден за запознавање на учениците со целта на Европската недела на мобилност, придобивките од користењето одржлив транспорт, а пред се од возењето велосипед и од пешачењето.
НА ГРАДОВИТЕ ИМ ТРЕБА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ
Простории на ЗЕЛС – Заедница на единиците на локална самоуправа
13:00 – 15:00 часот
Работилница со учество на претставници од пет најголеми градови во државата пред кои Град Скопје ќе го презентира својот План за одржлив транспорт, неговата реализација и придобивките.
УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ – КОЈ, КАКО, КОГА, ДАЛИ…?
Хотел „Континентал“
10:30 – 14:00 часот
Републичкиот совет организира настан на кој претставници од релевантни институции ќе дискутираат за начинот на вклучување на електричните тротинети во сообраќајот во градот:
Обраќања на претседателот на РСБП, градоначалникот на Град Скопје и Министерот за внатрешни работи.
Теми: Учество во сообраќајот со електричен тротинет – алтернатива или закана; Придобивки и предизвици од користењето електричен тротинет како превозно средство; Одредби од законот за возила и нивната поврзаност со електричниот тротинет и Светски искуства, позитивна пракса и законски решенија за учество во сообраќајот со електричен тротинет. Заклучоци.
ВЕЛОФИЕСТА
Улица Димитрија Чуповски, главната сообраќајница во центарот на градот
18:00 – 22:00 часот
Град Скопје ќе ја затвори улицата за сообраќај во периодот 18:00 – 23:00 часот, а од 19 часот ќе организира дружење на граѓаните со интересни содржини – поставување маси и клупи, освежување, детски реквизити и забава.