Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање пречек на ракометната екипа Вардар по вчерашната победа на Ф4 турнирот во Келн и освојувањето на титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.
Со оваа одлука, покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на тимот на РК Вардар во Скопје, кои треба да слетаат на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во 18:50 часот.
– По повод историскиот успех на градскиот клуб „Вардар“, предлагам Советот на Град Скопје да донесе одлука на ракометниот клуб „Вардар“ Град Скопје да му даде награда од 6 милиони денари. Од минатата вечер сум во контакт со управата на ракометниот клуб и успеавме да обезбедиме чартер-лет за клубот, кој ќе полета во 14:30, a ќе слета во 18:50 часот. Времето за слетување го координиравме за да се запазат сите безбедносни мерки околу состанокот на НАТО, за скопјани слободно да можат да присуствуваат на свечениот пречек. Со оваа одлука покрај наградата, ќе се подмират и трошоците за чартер-летот, како и сума од 2 милиони денари за организација на настанот – кажа градоначалникот Шилегов.
Шилегов потенцираше дека ова е историски успех и ги повика сите граѓани на Скопје, без разлика на нивната политичка, верска или национална припадност, достоинствено да ги пречекаме европските шампиони. Дополнително, апелираше до сите навивачки групи и симпатизери на Вардар достоинствено да ги пречекаат ракометарите, со вистински навивачки песни без омраза, дискриминација и поделби, бидејќи спортот и Вардар се над политиката.