Град Скопје постави нови дигитални мерачи на брзина на сообраќајот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди Градот Скопје постави дигитални мерачи на брзина пред средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“, „Здравко Цветковски, „Марија Кири Склодовска“ и „Боро Петрушевски“. На денешната промоција на дигиталните мерачи кои се донација од компанијата „Сава осигурување“ присуствуваше градоначалникот Шилегов.

– Немилиот настан што се случи пред два дена на булеварот Србија потсетува дека нема гарантирана безбедност и покрај зајакнатата полициска контрола и поставената сообраќајна сигнализација. Непочитувањето на сообраќајната сигнализација и прекумерната брзина на возење го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи кои неретко завршуваат со фатални последици. Зголемувањето на свесноста на возачите за безбедноста во сообраќајот влијае на намалувањето на бројот на предизвикани сообраќајни несреќи. Во таа насока Град Скопје ги постави овие дигитални мерачи на брзина пред пет средни училишта. Скопје мора да биде град безбеден за растење и спокоен за пензионирање. Безбедноста на сите наши сограѓани е наша заедничка обврска – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почуваат сообраќајните правила и со своето одговорно однесување да придонесат за намалување на бројот на жртвите и повредените во сообраќајни несреќи.

– Ги повикувам сите општествено одговорни компании кои сакаат да донираат средства во делот на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, да го направат тоа со цел час поскоро заеднички да придонесеме на улиците на Скопје да има помалку собраќајни несреќи. Градот Скопје во рамките на своите ингеренции и понатаму ќе продолжи да се грижи за зголемувањето на безбедноста во сообраќајот и општо за безбедноста на граѓаните на Скопје – нагласи Шилегов.