Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Новогодишната прослава за дочек на 2017 година на плоштадот Македонија се откажува, информираа од Град Скопје.
Парите коишто беа планирани за организирање на дочекот околу 2 милиона денари, Градот ќе ги донира во социјални цели. Одлуката каде ќе се донираат парите ќе ја донесе Советот на Град Скопје.
Градот Скопје веќе 10 години троши минимални средства за организирање на овие забави, а финансирањето е од мoбилните оператори во земјава. Годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком, пишува во соопштението на Град Скопје .
Бобан Милошески од Авалон Продукција, најави тужба против град Скопје, поради откажувањето на дочекот на Новата година на плоштад, каде што како главни музички ѕвезди беа најавени Каролина Гочева, Миле Кузмановски и Слаткар. Тој исто така вели дека ќе покрене петиција градоначалникот Коце Трајановски и вработените во град Скопје да ги донираат своите шест месечни плати на сиромашните.
Ако град Скопје се откаже од дочек на Нова година (а тоа може да го направи затоа што оваа година не плаќа 100.000 € за некоја Северина и 50.000 за продукција од странство) и со тоа ги оштети македонските артисти и продукцијата од Македонија, Авалон Продукција ќе го тужи град Скопје и ќе бара во целост да бидат исплатени сите трошоци.
Исто, од хуманитарни причини, Авалон ќе покрене петиција градоначалникот Коце Трајановски и вработените во град Скопје своите 6 месечни плати да ги донираат на сиромашните.
Нова Година на пеачите во Македонија им значи живот исто како на секој што работи за плата. Пеачите за Нова година заработуваат за живот и нив тој термин им значи како на некој вработен шест плати. И до кога со патриотизам на штета на македонецот? Да беше некој Оливер Драгоевиќ како лани, ќе беше платен 100.000 евра (и досега ќе беше и исплатен) ама бидејќи е Миле Кузманоски наш, немаме гајле и ќе глумиме сега хуманост. А мозок…тоа не постои. Затоа ќе има суд, напиша денес на својот официјален Фејсбук профил Милошески.