Грабеж во прилепска златара во осум и пол наутро снимен на камера (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Видеото од една безбедносна камера на која е снимен од грабежот на една златара кој утрово во 8:30 часот утрово се случил во старата прилепска чаршија потсетува како на сцена од некој криминален акционен филм.

Додека двајца ги искршија стаклата од златарата и влегоа внатре да оперираат, третиот разбојник чуваше стража пред златарата и ги бркаше со пиштол во рака минувачите и околните дуќанџии кои притрчаа да видат што се случува и да интервенираат.