Грабеж од див таксист: За такси од „Шарл де Гол“ до Париз платиле 247 евра


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Двајца тајландски туристи беа шокирани од сумата која им ја побара да ја платат таксистот кој ги возел од парискиот аеродром „Шарл де Гол“ до француската престолнина Париз, која изнесувала 247 евра.

За овој случај беше отворена и официјална истрага откако парот го објави видео на YouTube. На снимката се гледа како на двојката од Тајланд, кои се возеле со див таксист, им се бара да ја платат превисоката цена. Во видеото се гледа како нелиценциран таксист агресивно бара 247 евра на англиски јазик од двајцата патници.

Доколку седнеле во градско такси, тој пат од аеродромот до Париз немало да ги чини повеќе од 55 евра, сума која е прифатена од сите такси превозници од аеродромот до Париз, а беше воведена во 2016 година.

Туристите одбиле да платат 247 евра што доведе до бесен одоговр од таксистот.

„Таксито во Париз е многу скапо“, вика таксистот по нив.