Говорот на зеленски пред американскиот Конгрес – целосна верзија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


После средбата со американскиот претседател Џо Бајден, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одржа говор пред двата дома во американскиот Конгрес.

Укажувајќи дека му е голема чест што настапува во Конгресот, тој посочи дека со оглед на големата поддршка на украинските пријатели и партнери, пред сè на САД, на военото поле Украина веќе извојувала победа над Русија.

-Тоа е битка не само за територија, за овие или оние делови на Европа. Се води битка не само за животот, слободата и безбедноста на Украинците или за секоја друга земја во светот која Русија сака да ја завојува. Оваа борба ќе одреди во каков свет ќе живеат нашите деца и внуци, ќе одреди ќе биде ли тоа демократија за Украинците, за Американците, за сите, рече Зеленски.

Тој уште еднаш потсети дека пред да дојде во Вашинтон, тој го посетил Бахмут, град-тврдина во Донбас, кој продолжува со херојската одбрана против руската агресија. Во тој момент кога го кажа ова, законодавците во Конгресот станаа аплаудирајќи му на гостинот.

Тој призна дека Русите имаат предимство во артилеријата, во муницијата и во ракетите со голем дострел.

-Тие уриваат сè наоколу, но Украинците ќе ги задржат своите граници и никогаш нема да се предадат, рече Зеленски.

Изрази уверување дека американските ракетен систем „Патриот” ќе помогне во заштита на украинското небо и градови. Тој исто така истакна дека не треба да се дозволи „еден терорист да му помага на друг”, со оглед на тоа како Иран и помага на Русија со снабдување на дронови.

-Украина никогаш не побара американски војници да војуваат на нашата земја наместо нас. Ве уверувам дека украинските војници се способни сами да ракуваат со американските тенкови и авиони.

Актуелната помош за Украина, истакна тој, „не е добродетелство, а инвестиции во глобалната безбедност и демократија”.

Зеленски кажа и дека украинскиот народ сака мир, но праведен мир, а „праведниот мир е суверенитет и територијален интегритет на Украина”.

-На Божиќ, милиони Украинци можеби нема да имаат струја и вода, но Украинците нема да се жалат, нивната цел е достоинствено и со чест да ја продолжат борбата, посочи тој.

При крајот на својот говор, Зеленски уште еднаш се заблагодари на сите законодавци, и лично на претседателот на САД, но и на секое американско семејство за помошта во борбата на Украина, и на раководството на Конгресот му подари украинско национално знаме – подарок од украинските воини кои го заштитуваат Бахмут.

-Ова знаме е симбол на победата во таа војна. Ги држиме редовите, се бориме и ќе победиме затоа што сме обединети – Украина, Америка и целиот слободен свет, рече Зеленски во заклучок на својот говор, пожелувајќи на сите „нова година на победи”.