Спорт

Говорот на Ракитиќ со кој ги мотивирал „коцкестите“ пред изведување на пеналите!

Хрватската репрезентација успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот во Русија, откако беше подобра после изведување на пенали против Данска.

Херој за „коцкестите“ беше Даниел Субашиќ кој успеа да одбрани три пенали, но голем дел од одговорноста презема и Иван Ракитиќ кој го изведе клучниот пенал.

Лука Модриќ во продолженијата имаше шанса да го избегне изведувањето на пенали, но не успеа да погоди од белата точка, па можеше да се претвори во трагичар за Хрватска.

„Пред пеналите се собравме и им реков едно нешто на соиграчите: Лука не спасувал толку пати досега, сега ред е ние да го спасиме него. На Субашиќ му реков само да ужива, знаев дека тоа ќе биде негова ноќ“, открива Ракитиќ.

„Пред да тргнам да го изведам одлучувачкиот пенал Вида ми рече: „Те молам погоди, те молам“. Јас бев полн со самодоверба и знаев дека за да ми го одбрани пеналот, Шмајхел ќе треба да ја направи најдобрата одбрана во кариерата“, додаде играчот на Барселона.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top