Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нацистичкиот говор на Адолф Хитлер кој е прикажан во пропаганден филм од 1935 година беше илегално емитуван ширум Чикаго преку полициската радио станица. Веднаш беше иницирана истрага за да се утврди како дошло до овој невкусен инцидент.
Снимката од филмот „Триумфот на волјата“ била пуштена во средата вечерта. Хитлер овој говор го одржал на конгресот на Национал-социјалистичката партија во 1934 година , а Лени Рифенштал била задолжена да направи филм за подемот на партијата.
Радио станиците четири минути биле надвор од финкција, во периодот кога бил емитуван говорот. Според зборовите од портпаролот на полицијата од Чикаго, Мелиса Страт, случајот се истражува, а таа потенцираше дека снимката била тенденциозно пуштена. Во истрагата се вклучени и федералните власти.
Диспечерот ги известил полицајците да се префрлат на втората фреквенција за итни случаи.
Корисниците на Твитер кои ги слушаат полициските радиостаници, исто така, известија за овој инцидент. Велат дека човек е доволно да поседува евтина радиостаница за да се попречува работата на полицискиот пренос.