Goute: Лажица која храната ја прави повкусна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Андреас Фабијан, дизајнираше специјална лажица која ја прави храната повкусна. Лажицата е наречена Goute и претставува мала лажичка во вид на човечки прст.

„Немаше некој голем развој во дизајнот на лажиците во последните два века, па се надевам дека оваа лажица со нов дизајн ќе придонесе кон дополнително задоволство во јадењето“, вели Андреас.

Идеата дошла кога тој заедно со готвачот Чарлс Мајкл размислувале за тоа како да дознаат кога некој ужива во храната.

За Мајкл тоа било едноставно: Ако видите како некој ја лиже чинијата, значи храната била добра. Па си помислиле истото да го направат и со лажичката.