Гответе за другите луѓе, еве како тоа позитивно влијае врз вас


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Правењето торта за нечиј роденден, колачи за прослава на празник, или воопшто готвењето за други носи со себе голема психолошка корист и позитивно дејствува на луѓето.

„Готвењето ја развива креативноста. Креативното изразување било да се работи за сликање, музицирање или готвење ги ослободува луѓето од стресот“, изјави за Хафингтон Пост Дона Пинкус, психолог на Универзитетот во Бостон.

Стресот може да се поврзе со низа психички и физички проблеми, а наоѓање на начини за ослободување од стресот е од голема важност за водење здрав живот.

Готвењето за другите луѓе може да послужи како добар начин на комуникација со туѓите чувства. Професорката по психологија на Универзитетот во Масачусетс, Сузан Витборн објаснува дека храната, во недостиг на зборови може да биде начин на изразување.

„Лицата, кои имаат проблеми со искажување на емоциите, благодарност, симпатии или љубов кон некого можат тоа да го покажат на пример преку некое вкусно пециво“, вели Витборн.

Медицинската сестра и кулинарскиот терапевт Џули Охана за Хафингтон Пост потенцира дека во многу земји храната навистина е израз на љубов.

„Да се готви, јаде и да се комуницира заедно е прекрасна работа“, истакна Охана.

Готвењето бара многу внимание, а фокусирањето на вкусовите, мирисите или движењата, како што е месење на тестото, ги ослободува луѓето од стрес. Состојбата на луѓето додека готват, психолозите ја објаснуваат со медитација.

„Готвењето ве тера да размислувате чекор по чекор, но во исто време да размислувате за рецептот, чиниите кои ви требаат, за тоа колку време ќе направите некое јадење, дали ќе биде вкусно. Сето тоа е еден добар начин на ставање на разни мисли во рамнотежа, а во исто време се забораваат лошите работи“, рече Охана.

На крај покрај бројните психолошки предности во текот на готвењето, кога ќе ги усреќите други со јадењето, кое сте го направиле за нив, на чувството на задоволство и исполнетост му нема крај.