Готвеше без прекин цели 100 часа за нов Гинисов рекорд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Готвачката Хилда Баси од нигерискиот град Лагос, ги воодушеви своите сонародници готвејќи 100 часа без престан и официјално е прогласена за носителка на нов Гинисов рекорд за најдолго непрекинато готвење.

Готвачката Хилда Баси своето маратонско готварско шоу го почна во четвртокот, а заврши дури доцна синоќа. Насобраните нејзини сограѓани цело време несебично ја поддржуваа додека таа приготвуваше бројни јадења од националната и меѓународната кујна.

Претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари и неколку политичари и познати личности јавно ѝ честитаа на Баси.

Досега тој Гинисов рекорд го држеше професионалната готвачка од Индија, Лата Тондон, која во 2019 година подготвуваше оброци цели 87 часа и 45 минути, непрекинато.