Гоца брза на нога: Ќе појдеше приватниот автомобил на Јанкуловска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Да не потрчала на време и да не реагирала така брзо, пајакот ќе го однесел возилото, па ќе ја изложеле на трошоци.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вчера со трчање успеала да го спречи „пајакот“ да не ѝ ја крене колата. Трчањето се исплатело, оти таа ги спречила работниците на ПОЦ да не ѝ го кренат возилото што го паркирала на недозволено место, на само пет метри од барокната катна гаража, лоцирана во непосредна близина на кривичниот суд, пренсува pravosudstvo.mk.

Во трчањето друштво ѝ правел и нејзиниот партиски колега Миле Јанакиески, поранешен министер. Сепак Јанкулоска успеала да избегне да плати казна за непрописното паркирање.

Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески вчера заедно дојдоа во кривичниот суд.