Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како и што се очекуваше, хрватскиот стартег Славен Билиќ ја заврши својата авантура на клупата на Вест Хем.
Билиќ денес беше отпуштен после серијата на лоши резултати, а капката која ја прели чашата беше убедливиот пораз од Ливерпул на домашен терен.
Денес Хрватот имаше состанок со челниците на клубот, очигледно да се договорат околу раскинување на договорот.
Според англиските медиуми на негово место најверојатно ќе седне Дејвид Мојс. Екс тренерот на Евертон и Манчестер Јунајтед се очекува да биде именувам во текот на денешниот ден, најдоцна до утре.
Мојс ќе ги води „чеканите“ до крајот на сезоната, а потоа заедно со челниците ќе одлучат дали ќе добие долгорочен договор.
BREAKING: West Ham have sacked Slaven Bilić. (Source: @WestHamUtd) pic.twitter.com/h74kcw8CbJ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 6, 2017