Готово: Солскјер останува во Манчестер Јунајтед


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Раководството на Манчестер Јунајтед одучи да му понуди перманентен договор на Оле Гунер Солскјер, пренесува „Сан“.

Норвежанецот пристигна како привремено решение после отказот на Мурињо, но ги освои срцата на сите во клубот со резултатите и добрата игра.

Имено, Солскјер оствари неверојатни 10 победи на 11 меча, па со тоа го убеди раководството дека тој е вистинско долгорочно решение.

После натпреварот со Фулам тренерот имал состанок со сопственикот Аврам Глејзер и му било ветено дека ќе добие перманентен договор.

Солскјер е моментално на позајмица од Молде, но „црвените ѓаволи“ се спремни да му платат обештетување на норвешкиот тим.