Готово: Швајнштајгер си најде нов клуб!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер наскоро ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во МЛС лигата, пренесуваат англиските медиуми.

Швајнштајгер не е во плановите на Мурињо и воопшто не добива можност да заигра за првиот тим, а клубот дури му нуди и пари за предвремено раскинување на договорот, пишува Спортски.мк.

Последните информации велат дека конечно ќе завршат маките за Германецот на „Олд Трафорд“ бидејќи постигнал договор со својот нов клуб.

Според информациите што ги сподели поранешниот германски репрезентативец Клаус Аугенталер, тој веќе се договорил со тренерот на Чикаго, Вељко Пауновиќ, и ќе направи трансфер во МЛС лигата.