Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристиано Роналдо и неговото можно заминување од Реал Мадрид со недели беа главна тема во светските медиуми.
Португалецот наводно се почувствувал несреќен и незаштитен во Мадрид, а главна причина за неговото незадоволство во Шпанија беше обвинението поради затајување данок.
Веднаш штом Роналдо најави можно заминување од Мадрид, почнаа силни шпекулации кои го поврзуваа со Јунајтед, ПСЖ и други богати клубови, кои наводно беа спремни да платат огромна сума за да го донесат во своите редови.
Сепак, како што пренесуваат шпанските медиуми, од трансферот нема да биде ништо бидејќи Португалецот донел конечна одлука и сигурно останува на „Сантиаго Бернабеу“.
Реал ќе ја награди верноста на Португалецот, со тоа што Роналдо ќе биде трет капитен на тимот, после Серхио Рамос и Марсело.
And the worst transfer saga of the summer inevitably comes to and end. Cristiano Ronaldo has decided to remain at Real Madrid. (Source: AS) pic.twitter.com/VyqHqeUyNm
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 9, 2017