Спорт

Готово: Реал го доби првото зимско засилување!

Повеќе нема дилеми. Реал Мадрид ќе ја плати клаузулата од 20 милиони евра и ќе го добие првото зимско засилување.

Станува збор за голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага кој уште првите денови од преодниот рок ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Голманот на Атлетик Билбао одби да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на сезоната. „Кралевите“ нема да го чекаат јуни за да го донесат како слободен играч, туку ќе ја активираат клаузулата во јануари.

Кепа ќе пристигне во Мадрид како замена за Кејлор Навас, а на Зидан е да одлучи кој ќе биде прв голаман во вториот дел од сезоната.

Кико Касиља најверојатно ќе си замени бидејќи има понуди од Премиер лигата, а Баскиецот ќе се бори за место во тимот со Навас.

Планот на „кралевите“ е од следната сезона Аризабалага да биде прв голман!

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top