Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Како што пренесува „Марка“, трансферот на Гризман во Барселона е веќе завршена работа и ќе биде официјализиран во наредните денови.
Францускиот напаѓач пред два месеци соопшти дека го напушта Атлетико после пет години, а сега е јасно дека негова следна дестинација ќе биде Барселона.
„Марка“ пишува дека Гризман постигнал договор со каталонскиот клуб за петгодишна соработка, а Атлетико Мадрид од овој трансфер треба да добие 125 милиони евра, колку што и изнесува неговата откупна клаузула.
Како ново засилување на „Камп Ноу“ Гризман би требало да биде претставен во четврток на 11-ти јули.
Ваквиот расплет не е изненадувачки, поради тоа што уште порано директорот на Атлетико ги „разоткри“ сомненијата околу иднината на одличниот напаѓач.
Гризман во Атлетико дојде во 2014-та година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра и изминатите години се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во светот.