Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пјер Емерик Обамејанг, најверојатно на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а еминентниот „Билд“ пренесува дека напаѓачот е на чекор до трансфер во ПСЖ.
Менаџерот на Обамејанг веќе ја договорил сумата за годишна плата со ПСЖ во износ од 14 милиони евра, а човекот кој успеал да го наговори да дојде во ПСЖ е Патрик Клајверт кој постојано бил во контакт со агентот на фудбалерот.
Она што е најголемиот проблем во овој момент е обештетувањето кое за него го бара Борусија Дортмунд. Засега не е постигнат договор помеѓу двете екипи бидејќи Борусија ќе сака да го извлече максимумот за својот најдобар играч.