Готово: Мурињо го доби првото засилување!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е блиску да го комплетира првото засилување за следната сезона, а станува збор за играчот за врска на Шахтјор, Фред.

Фред блескаше во дресот на украинскиот клуб, па беше трансфер желба и на Манчестер Сити, но последните информации говорат дека избрал да се пресели на „Олд Трафорд“.

Фред, која е дел од Бразил за Светското првенство во Русија, ќе отпатува на Островот за неколку дена за да го финализира својот трансфер пред Мундијалот.

Во неговиот договор стои откупна клаузула од 60 милиони евра, која Манчестер Јунајтед се согласи да ја плати.