Готово: Мурињо договори нов десен бек!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед постигнал комплетен договор со Серж Орие, па сега останува уште да се договори со ПСЖ околу обештетувањето.

Мурињо беше во потрага по квалитетен десен бек, па на крајот изборот падна на Серж Орие, кој е познат по своите лудории надвор од теренот.

Од Франција потврдија дека Орие ќе се пресели на „Олд Трафорд“ каде ќе потпише 5-годишен договор, иако за него интерес покажуваа уште Интер и Јувентус.

Сега останува уште „црвените ѓаволи“ да се договорат со ПСЖ околу обештетувањето, а медиумите тврдат дека Јунајтед за 24-годишниот бек ќе плати околу 25 милиони евра.

Орие минатата сезона беше еден од најдобрите на својата позиција во Франција, па сигурно ќе биде големо засилување за Манчестер Јунајтед.