Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сергеј Милинковиќ-Савиќ во јануари ќе го напушти Лацио и ќе се пресели во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.
Како што пренесува новинарот Франко Мели, многу близок до претседателот на Лацио Клаудио Лотито, Милинковиќ-Савиќ ќе се пресели во Милан за 70 милиони евра.
Двата клуба се блиску до договор и според изворот во моментов ги дефинираат бонусите, кои можат да изнесуваат и до 25 милиони евра.
Милан и минатото лето силно го посакуваше Србинот, но тогаш Лацио не сакаше да го пушти играчот за сума помала од 150 милиони евра.
Меѓутоа Милинковиќ-Савиќ оваа сезона игра многу слабо и велезе во конфликт со навивачите, па неговата цена драстично падна.
Интер и Јувентус исто така беа заинтересирани за Србинот, но според последните информации Милан победил во трката за неовиот потпис.
https://youtu.be/a4YScaF4xGc