Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот гигант Милан значително се засили во зимскиот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања.
Во јануари на „Сан Сиро“ пристугнаа Лукас Патека и Криштоф Пјонтек за 70 милиони евра и двајцата веднаш се вклопија во тимот на Гатузо и буквално го променија ликот на „росонерите“ со својот квалитет.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо е блиску да донесе уште една бразилска ѕвезда на „Сан Сиро“, а станува збор за Евертон, кој го носи дресот на Гремио.
Овој 22-годишен крилен напаѓач е мета на многу европски гиганти и веќе дебитираше за бразилската репрезентација, но последните информации се дека „росонерите“ се во напредни преговори.
Евертон има откупна клаузула до 80 милиони евра, но Леонардо поради добрите односи со бразилскиот клуб се обидел значително да ја намали цената.
Бразилските медиуми тврдат дека двата клуба се договориле за трансфер вреден 35 милиони евра, плус 5 милиони како бонуси. Притоа „росонерите“ бараат таа сума да ја платат на три годишни рати, поради проблемите со Финансискиот фер-плеј.
Леонардо наредната недела ќе отпатува во Бразил да ги договори последните детали и да го потпише договорот со Гремио.
https://youtu.be/HBlY57ehP1I