Advertisements
Спорт

Готово: Манчестер Сити го донесе најскапото засилување во историјата!

Како што пишуваат англиските медиуми Манчестер Сити во наредните неколку часа би требало да ја активира клазулата за играчот на Атлетико Мадрид, Родри!

23 годишниот Шпанец минатото лето пристигна од Виљареал во Атлетико Мадрид за сума од 25 милиони евра, а во договорот има откупна клаузула од 70 милиони евра.

Родри е голема желба на тренерот Пеп Гвардиола, а медиумите тврдат дека трансферот е веќе завршена работа. Шпанецот би требало да биде идеална замена за Фернандињо во средниот ред.

Англиските медиуми пренесуваат дека зделката ви требало да биде потврдена веќе денес откако играчот се согласил да го напушти Мадрид и да премине на „Етихад“.

Доколку ваквите најави се остварат Родри ќе стане најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити. Сегашниот рекорд го држи Ријад Марез од минатото лето со 68 милиони евра.

Advertisements
To Top